Македонија
15. јуни 2019 - 16:11

Тимоние тврди дека датумот доцни поради задоцнетите реформи

Веке е јасно дека дека датумот во јуни нема да го добиеме, но дали тоа ке се случи наредниот период не знае ни францускиот амбасадор во земјава. Причина за одложувањето  на стартот на преговорите  освен  внатрешните состојби во Унијата, е и нерешеното прашање на СЈО, посочува Тимоние.

Но, за домашните експерти, проблемот е многу подлабок и лежи во различните концепти  кои Франција и Германија ги имаат за интегрирање на Западниот Балкан. Во француската стратегија објавена пред еден месец  се бара трајна стабилизација на регионот пред тој да биде интегриран во Унијата, додека пак Германија инсистира на концептот на проширување.

Ппланот за Западен Балкан на Франција подразбира тесна соработка во стопанството, финансиите, одбраната, внатрешните работи, зацврстување на стабилноста не само во државата, туку и во зачувувањето на границите, додека германскиот став е многу полесен, затоа што се повикува на проширување на ЕУ, вели  потпретседателот на Евроското движење Мухамед Халили

Пред неколку дена, автрискиот печат промовираше идеја за создавање на Западнобалканска Унија без внатерешни граници и со заеднички пазар, која подоцна, како таква, би била интегрирана во Унијата.