Македонија
8. November 2019 - 16:44

Тимоние не го коментира Макрон, Германија со силна поддршка за датум за преговори

Германија силно ги поддржува македонските европски интеграции и покрај скептицизмот кон проширувањето кој е присутен во ЕУ, вели амбасадорот Герберих.  Тој смета дека одложувањето на оваа одлука може да им наштети на процесите во земјава, но и во регионот кој е ранлив.

За францускиот амбасадор во моментов  приоритет  е новата методологија со која треба да се реформираат пристапните процедури за новите земји членки. Тимоние не сакаше да ги коментира вчерашните изјави на францускиот претседател дека НАТО е во состојба на кома, а ЕУ пред амбис. Тој се воздржа и од коментар за очекувањата од престојната средба Пендаровски-Макрон во Париз. Порача дека најважно за земјите аспирантки во наредниов период е да се посветат на градење правна држава.

За бившиот американски амбасадор во Македонија Кристофер Хил,  Вашингтон е незаинтресиран за регионот.

„Во минатото би се очекувало Соединетите  држави да стапат на сцена. Но, во контекст на надворешна политика на американскиот претседател Доналд Трамп која не е дефинирана,  тажната ситуација во која се наоѓаат  малите и далечни земји како Северна Македонија и Албанија е надвор од фокусот.

И поранешниот австриски канцелар Курц е шокиран од блокадата на преговарачкиот процес за двете земји,  оценувајки ја како апсолутно погрешен пристап. Тој предупреди дека политиката на кренат прст и морална ароганција, само ке го продлабочи јазот мегу источна и западна Европа.