Македонија
11. October 2019 - 16:34

Тимоние: Датумот е едно, но важни се принципите

На неколку дена пред одлуката во Брисел, францускиот амбасадор во земјата порача дека местото на Македонија е во европското семејство. Тимоние вели дека датумите се едно нешто ,но важни се принципите.

-Ако постои нешто за што сме обединети сите европски претставници тоа е дека местото на РСМ по сите напори но и реформите ко итреба да бидат направени, е меѓу нас. Датумите се едно нешто, но важни се принципите и затоа чекориме напред, вели Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во Македонија.

Македонските власти велат дека со внимание ги следат информациите кои доаѓаат од белгиската престолнина. Од Владата очекуваат дека Франција нема да биде пречка за влез на земјата во ЕУ и сметаат дека нема ниту една земја членка на Унијата или која е во преговарачка позиција која направила повеќе од македонија за да ја добие заслужената одлука за почеток на преговорите.

Денеска во Австрија македонскиот шеф на државата доби подршка за европската интеграција на земјата од неговиот австриски колега. На новинарско прашање за ставот на франција за проширувањето на Евроспаката Унија, Пендаровски со одговор дека не станува збор за француско вето туку подобрување на методологијата  во преговорите.

Значи накусо, мислиме дека станува збор, во принцип, за корисно размислување на тема како пристапните преговори да бидат попродуктивни и да не биде само формално штиклирање, формално завршување на преговарачките поглавја, туку навистина да имаме супстанцијален квалитативен напредок во сите битни области за функционирањето на една демократија. Впрочем ние сме 14 години земја кандидат, од 2005 година, и верувајте прилично добро сме подготвени за преговорите, така што и да има измена во методологијата, ние нема да имаме проблем тоа да го следиме, напротив, со сите ресурси кои ги имаме на располагање, човечки и технички, ќе влеземе во таквите преговори и верувам дека релативно брзо ќе ги поминуваме преговарачките поглавја. Значи го поддржуваме пристапот да се заострат критериумите при преговарањето, за преговарачките успеси да не бидат формални туку суштински.  И повторувам, тврдам, уверен сум, гарантирам во име на мојата земја дека ние нема да имаме проблем и при таков иновативен начин на преговарање, вели Стево Пендаровски претседател.

Наредната недела, прво во Лисабон на министерскиот состанок а потоа и во Брисел ќе се знае европската иднина на Македонија. За почеток на преговорите е епотребна согласност од сите 28 земји членки.