Македонија
18. October 2021 - 11:13

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Аеродром

Првиот круг од локалните избори заврши. Додека Државната изборна комисија сукцесивно ги објавува резултатите на својата веб страница, партиите и од власта и од опозицијата прогласија победа.

Од 69,89% отсто обработени гласови во општина Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски има освоено 56,52% отсто од гласовите или 13.045 гласови, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Филиповски 25,54% или 5.894 гласови.