Свет
18. April 2018 - 9:00

Тим на ОН за безбедност пристигна во Дума

Сирискиот амбасадор во ОН Башар Џафари изјави дека тим за безбедност на Обединетите Нации вчера отпатувал за Дума, пред меѓународните експерти денеска да почнат со испитување на наводниот хемиски напад.

- Тим на ОН за безбедност влезе во Дума со цел да ја процени безбедносната ситуација на терен и ако одлучи дека ситуацијата во Дума е стабилна, тогаш мисијата која ќе ги утврди фактите ќе почне со работа, изјави Џафари на седница на Советот за безбедност на ОН.

Тој истакна дека сириската Влада прави се што може за да помогне во работата на таа мисија