Тенис
18. March 2019 - 9:54

Тим го сруши Федерер во Индијан Велс

Австриецот Доминик Тим ја освои титулата на мастерс турнирот во Индијан Велс. Тим во финалето го победи Роџер Федерер со 2:1 (3:6, 6:3, 7:5).

Федерер во првиот сет направи брејк, во првиот сервис гем на ривалот. Тој во вториот гем ја искористи четвртата брејк топка. Тим возврати во седмиот гем, кога Тим намали на 3:4, меѓутоа Швајцарецот во наредниот гем уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот, а потоа и го освои сетот.

Имаше Роџер брејк топки и на почетокот на вториот сет, при резултат 1:1, меѓутоа Тим успеа да се извлече, а потоа во четвртиот гем тој успеа да го одземе сервисот на Федерер. До крајот на сетот немаше брејк топки, а Тим израмни на 1:1.

Серверите беа сигурни во третиот сет се до осмиот гем кога Федерер испушти брејк топка. Во 11 гем Тим му го одзеде сервисот со неколку брилијантно одиграни поени, а потоа во 12 беше сигурен и ја освои најзначајната титула во кариерата.

Ова е прва мастерс титула за Доминик Тим.