Loading Video...
Тенис
15. November 2018 - 19:43

Тим го елиминира Нишикори од Мастерсот во Лондон

Завршија натпреварите за Кеј Нишикори на Мастерсот во Лондон откако денеска го загуби решавачкиот меч со  Доминик Тим и тоа во два сета со 6-4 и 6-1.

Јапонецот блесна на стартот кога го совлада Федерер но ги загуби следните два меча со што му се отвори шанса на Тим да се пласира во следната фаза доколку Федерер биде поразен во два сета од Кевин Андерсон.