Свет
25. October 2017 - 15:06

Тилерсон: Санкциите не се против иранскиот народ

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон денеска изјави дека санкциите против Иран се насочени кон „малигното однесување", а целта е да им се помогне на Иранците да воспостават контрола врз властите.

Тој на прес-конференцијата во Њу Делхи, по разговорите со индиската министерка за надворешни работи Сушма Свараж, изјави дека нема да ги блокира „легитимните работи" на американските сојузници, како што се Индија и Иран.

Тилерсон истакна дека американското дејствување ќе ги ограничи „дестабилизирачките активности на Иран" во регионот, вклучувајќи го и развојот на балистички ракети, извозот на оружје на терористичките организации и вмешаност во конфликтите во Сирија и Јемен.

- Ние не се бориме против иранскиот народ, нашите несогласувања се со револуционерниот режим, потенцира Тилерсон.