Свет
13. September 2017 - 10:06

Тилерсон сака помирување меѓу Москва и Вашингтон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон оценува дека не треба да се продлабочува дипломатскиот јаз меѓу САД и Русија. 

Тој изрази надеж дека двете земји ќе почнат да работат на подобрувањето на односите.

- Мислам дека секретарот (Тилерсон) смета дека понатамошна ескалација не е неопходна во овој момент и оти се надеваме на напредок во иднина, истакна портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт. 

Таа додаде, дека амбасадорот и специјалниот претставник на САД во разговорите со руските претставници за Северна Кореја, Џозеф Јун, бил во Москава со цел да разговара за начините да се осуети нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.