Тилерсон: Ријад се уште не е подготвен за преговори со Доха
Саудиска Арабија не е подготвена за директни преговори со Катар по речиси петмесечниот прекин на меѓусебните дипломатски и трговски односи, изјави вечерва во Доха американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.
Тилерсон во Доха допатува од Ријад, каде претходно денеска со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман разговараше за надминување на кризата во односите меѓу Саудиска Арабија и Катар.
- Се уште нема индикации дека двете земји се подготвени за разговори, нагласи Тилерсон.
Американскиот државен секретар упати апел и до сите страни во Ирак да покажат воздржаност во врска со референдумот за независност на Ирачки Курдистан.
- Ние не го охрабруваме референдумот во Ирачки Курдистан, бидејќи тој не е најдобро решение во ова време, имајќи ја предвид борбата против Исламската држава. Ние охрабруваме воздржаност во врска со она што се случува во северен Ирак, изјави Тилерсон.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари