Тилерсон негира дека планирал да поднесе оставка
Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ги негираше тврдењата дека планирал да поднесе оставка, нагласувајќи дека никогаш не размислувал за тоа.
- Тука сум се додека претседателот смета дека можам да бидам корисен за постигнувањето на неговите цели, изјави Тилерсон во Стејт департментот.
Со ова Тилерсон ги демантираше тврдењата на „Ен-Би-Си Њуз“ дека е „на чекор да поднесе оставка“.
„Ен-Би-Си Њуз“ јави дека на средба на Советот за национална безбедност на САД со членовите на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, одржана во Пентагон на 20 јули, Тилерсон го нарекол Трамп „дебил“.
По бурната средба, потпретседателот на САД, Мајк Пенс разговарал со Тилерсон и го замолил да се однесува со поголема почит кон претседателот. Исто така, според „Ен-Би-Си Њуз“, Пенс го убедил Тилерсон да не поднесува оставка.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори