Loading Video...
Фудбал
17. May 2022 - 14:16

Тиквеш – Воска и Скопје – Беласица во баражот за пополнување на ПМФЛ

Одредени се двојките кои ќе ги дадат последните два патника во прволигашката фудбалска конкуренција кај нас за наредната сезона.
 
Откако изминатиот викенд се одиграа натпреварите од последното коло во Првата и Втората лига, по што Силекс и Победа беа официјално промовирани во прволигаши, а друштвото го напуштија Пелистер и Борец.
 
Денеска со ждрепка во ФФМ беа одредени двојките за бараж дуелите преку кои ќе ги дознаеме и последните две екипи кои следната сезона ќе играат во прволигашката конкуренција. 
 
За место во елитата ќе се борат Тиквеш и Воска односно Скопје и Беласица. 
 
Бараж дуелите ќе се играат во Прилеп и Штип во недела со почеток од 17 часот.