Македонија
28. January 2021 - 12:34

ТикТок: Скопјанец чува мечка како домашно милениче

Скандалозно видео се појави на социјалната мрежа „ТикТоК“ за кое се тврди дека скопјанец чува мечка како домашно миленче иако со Закон за заштита на животните тоа е забрането.

Видеото кое се споделува на социјалната мрежа „Твитер“ е со наслов „скопски фраери чуваат мечка“, а се тврди дека потекнува од некое наше село.

На видеото може да се види малото мече кое е во игра заедно со куче од расата аргентинска дога, која во еден момент го напаѓа животното по што се слуша глас во позадина кој го одвратува од намерата.