Тихановскаја побара помош од ОН за излез на Белорусија од кризата
Лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, побара помош од ОН со цел нејзината земја што поскоро да излезе од кризата.
-Убедени сме дека во одреден момент, режимот ќе падне, бидејќи е под притисок и од внатре и од надвор, рече Тихановскаја, која избега од Белорусија во Литванија на 9 август 2020 година, само еден ден по непризнаените претседателски избори, на кои загуби од актуелниот претседател Александар Лукашенко.
Лидерката на белоруската опозиција вчера пристигна во Женева, каде што ќе учествува во дебата на Меѓународниот филмски фестивал за правата на човекот. Уште една опозиционерка од Белорусија, Олга Ковалдкова, исто така, ќе учествува во дебатата на фестивалот.
Неколку десетици симпатизери вчера ја пречекаа Тихановскаја пред европското седиште на ОН во Женева, а таа оттаму изрази надеж дека ОН ќе продолжат да и помагаат на Белорусија да излезе од кризата.
-Притисокот треба да се засили, рече таа, додавајќи дека се залага за дијалог со посредство на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
„Ние сакаме овие разговори да бидат што е можно поотворени и во нив да учествуваат соседните и другите демократски земји“, додаде Тихановскаја.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот