Фудбал
26. December 2016 - 12:34

Tигрес шампион на Мексико во меч со 5 исклучувања!

Фудбалерите на Тигрес ја освоија титулата во мексиканската Апертура, добивајќи го финалниот двомеч против големиот ривал Клуб Америка. Двата натпревари, првиот на 23 и вториот на 26.декември завршија со идентични 1:1, а Тигрес на мечот на кој беше домаќин во пенал рулетот славеше 3:0.
Првио меч од финалето, одигран во петокот, го обележа повредата на францускиот репрезентативец Жињак (Тигрес), но иако првичните прогнози беа дека тој се здобил со потешка повреда на рбетот, прегледите покажаа дека здравствената сосотојба на фудбалерот е добра и тој настапи и во реваншот.
 
Реваншот на теренот на Тигрес во 90 минути заврши 0:0, поради што мечот влезе во продолженија од 2×15 минути, кога кулминираа случувањата на теренот.
 
Најпрвин Тигрес остана со човек помалку поради исклучувањето на Хорхе Торес. Предноста од играч повеќе КлубАмерика ја искористо во 95.минута кога Едисон Алварез постигна гол за водство 0:1.
 
Потоа во 102.минута Клуб Америка остана без Рубенс Самбуеза, кој доби црвен картон, што предизвика масовна тепачка на теренот. Поради меѓусебно удирање црвени картони добија дефанзивецот на Клуб Америка Голц и двајца од резервните играчи Хосе Ривас (Тигрес) и Вентура Алварадо (Клуб Америка)
https://