Живот
30. January 2017 - 12:16

Тигар уби човек во зоолошка градина во Кина

Тигар во Зоолошката градина во кинескиот град Нингбо уби човек, кој за да избегне плаќање билет го прескокнал ѕидот и влегов во кафезот со тигари.

Тигарот го усмртија службениците од специјалната единица на локалната полиција во зоолошката градина Јунгор.

Како што јави Би-Би-Си, човекот итно е пренесен во најблиската болница, но лекарите  можеле само да констатираат смрт.

После нападот, Зоолошката градина е затворена за посетителите, соопшти државната ТВ.

Нападот се случил околу два часот попладне, пред очите на посетителите, од кои некои поставиле на интернет видео снимки и фотографии од нападот.

На снимките може да се види човек во сина маица и црни панаталони како лежи на земјата, додека тигарот со забите го држи околу вратот и главата, а другите два тигри кружат околу него.