Џет-Сет
16. May 2016 - 15:53

Тие се неговата најголема поддршка, ова се родителите на Даниел Кајмакоски

Поп-пејачот Даниел Кајмакоски благодарение на гласовите од публиката, вчеравечер се пласира во финалето на популарниот натпревар „Твоето лице звучи познато“ во Белград. Бившиот победник на „Х-фактор“ продолжува да освојува со својот глас и харизма, а гордите родители на Кајмакоски – Павле и Ружица – постојано го поддржуваат својот талентиран син.

Kajmakoski

„Ви благодариме на сите што одвоивте од вашето драгоцено време и гласавте за нашиот Даниел, со што му овозможивте да учествува понатаму во финалето на ’Твоето лице звучи познато’. Ви посакуваме добра ноќ на сите и ве гушкаме“, порачаа родителите на Даниел на заедничкиот фејсбук-профил.

Kajmakoski 2Kajmakoski 3