Балкан
19. April 2018 - 12:58

Тие беа сведоци на брутални ликвидации: Овие старлети и пејачки преживеаја крвави драми

Старлетата Тамара Ѓуриќ била сведок на бруталната ликвидација на Лука Радуловиќ, а ова се познатите личности кои исто така присуствувале на убиства.

Ликвидација во Бар

Сораја Вучелиќ седела на истата маса со водачот на криминалниот клан од Бар, Армин Муша Османагиќ, кој го убија на 16 септември 2014 година.

Сораја кобниот ден дошла во кафулето „Севоја“ за да го земе од Османагиќ „масератито“ за потребите на снимање на спот.

-Беше во кафулето со три другарки и цело време седеше покрај Османагиќ. Се гледаше дека и е пријатно и дека пријателски разговараат. Сораја порано живееше во Бар, а бидејќи тоа е мал град, сите се познаваат, рече тогаш извор.

Убиството на Аркан во Интерконтинентал

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ била во хотелот „Интерконтинентал“ на 15. јануари 2000 година кога е убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан.

-Се свртев и здогледав момче во жолто-сина јакна, како го крева пиштолот од подот. Никогаш повеќе не сум го видела, сведочеше Цеца своевремено во текот на процесот за убиството на нејзиниот сопруг Аркан.

Убиство во Ваљево

Меѓу нив е и пејачката Снежана Нена Нешиќ, кога во текот на нејзиниот настап во Ваљево е убиено едно момче.

Имено, припадниците на обезбедувањето не сакале да пуштат едно момче во клубот, по што тој извадил пиштол и почнал да пука. Во таа прилика повеќе гости се ранети, а едно момче е убиено.

Тамара Ѓуриќ и убиството во пивница

Последната во низа старлети е Тамара Ѓуриќ, која стоела покрај шанкот кога непознат напаѓач пришол и пукал во Лука Радуловиќ.

Долгогодишната пријателка на убиениот Лука Радуловиќ, српската старлета Тамара Ѓуриќ, низ солзи опиша како се одиграло убиството во локал во Белград, во кој, во еден момент на приватна журка имало околу 50 гости.

-Виновна сум, виновна, поради мене е мртов - повторуваше расплаканата старлета, а потоа детално го опиша моментот на убиството и откри зошто себеси се смета за виновна за смртта на Радуловиќ.

Пукање во Сараево

Ангела Митковски (26), позната како Ангела Вештица, преживеа пукање во Сараево во февруари 2017 година.

Според тврдењата на старлетата, на неа тогаш пикала Емина Арнаутовиќ, поранешна жена на нејзиното момче Адмир Арнаутовиќ, која на Ангела испали девет куршуми и промаши, додека Адмир го погоди во нога.