Џет-Сет
1. December 2017 - 14:31

Тежок судар: Сопругата на Балашевиќ доживеа сообраќајна несреќа

Сопругата на Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера полесно е повредена во несреќата која денеска околу 13 часаот се случила во Нови Сад. 
 
Како што дознава српски Ало, Оливера се обидела да избегне човек кој одеднаш почнал да прави полукружно среде улица и со возилото преминала на другата страна од лентата. Бидејќи немала простор, на крајот удрила во дрво.
 
За среќа, не се здобила со тешки телесни повреди, но на  автомобилот е направена голема материјална штета. Полицијата дошла на местот на несреќата.