Македонија
20. September 2018 - 14:44

Тежок криминалец падна во рацете на полицијата

Полицијата успеа да улови тежок криминалец, пронајдено оружје и дрога. Како што информираат од полицијата, вчера  околу 18.30 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“, полициски службеници го забележале Ф.С.(29) од Тетово, кој управувал мотоцикл. Кога се доближиле до него тој почнал да бега и фрлил пиштол „Бровинг“ калибар 7,65 милиметри со рамка со четири куршуми, што ги поседувал без дозвола. Набргу, потоа тој бил фатен и лишен од слобода. При преглед на мотоциклот, под седиштето бил пронајден и нож. Нешто подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени две дигитални ваги, хероин и хашиш. Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење. Ф.С. бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно докуменитрање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.