Македонија
24. March 2019 - 9:27

Тежок инцидент во затворот Идризово: Браќа близнаци крвнички се тепале, едниот го избодел другиот

Во затворот Идризово во Скопје дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа близнаци, информираат од МВР.

Триесетичетиригодишниот Ф.А. го прободел својот брат близнак, О.А. додека биле во амбулантата во Идризово. Во еден момент Ф.А извадил нож и му нанел неколку убодни рани на брата си. Го прободел во пределот на стомакот и десната надлактица.

О.А. со возило од затворот е пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ каде што му е укажана лекарска помош.

МВР се уште нема детали околу причината за кавгата.