-->
-->
Тежок инцидент во битолско училиште: Хигиеничар турна ученик по скали, момчето заврши во болница
-->
Во саботата во 15.30 часот во Полициската станица Битола, 14-годишник од Битола заедно со негов родител пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот физички бил нападнат од хигиеничар во училиштето „Коле Канински“ во Битола. Додека чекал наставник, малолетникот случајно турнал лименка од прозорецот.
Во тој момент хигиеничарот Ј.Т. почнал да му вика, барајќи да ја фрли лименката во ѓубрето.
Откако не го послушал, хигиеничарот најпрвин го турнал по скалите, по што го удирал по лицето.
Малолетникот се здобил со повреди и отишол во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош, а го известил и родителот за настанот.
Подоцна, настанот бил пријавен и од директорот за училиштето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море