Свет
10. April 2017 - 14:47

Тежок инцидент: Со автомобил влета во собрание, со два канистери плин во багажникот

Во ударот на автомобил во зградата на градското собрание во Верден на северот од Германија изби пожар и причинета е материјална штета.

Германската новинска агенција ДПА наведува дека властите изразиле уверување дека инцидентот, која го предизвикал 47-годишен маж, не е терористички напад насочен против владата на Долна Саксонија.

-Можноста за терористички напад е отфрлена. На пожарникарите им требало час и половина да го изгаснат пожарот. Пожарот се проширил на просториите во приземјето, се наведива во полициското соопштение.

Сепак, колата билата наполнета со канистери со гас, поради што на пожарникарите им требало многу време да го изгаснат пожарот.

Никој не е повреден во инцидентот, а сторителот е веднаш пуштен.