Бизнис
3. January 2019 - 17:16

Тевдовски VS. Славески: Ќе биде ли 2019 економска година?

Владата најавува економска 2019, опозицијата тврди дека шансата за тоа е веќе прокоцкана. Премиерот Заев и министерот Тевдовски денеска најавија дека платите ќе продолжат да растат, а парите и натаму ќе се враќаат кај граѓаните. Ќе расте и натаму минималната плата, а тоа ќе го стимулира растот на просечната исто како во претходниот период.

За поранешниот министер за финансии пак сите реформи спроведени досега се само козметички промени кои нема да дадат резултати. Според него, ако се спредат првата цела година од мандатот на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ се гледа кога имало резултати. БДП во 2007 изнесувал 6%, а во 2018 околу 2,8%. И платите тогаш растекле со многуи побрзо темпо од сега.

Минатата година приходите во буџетот се собрани спред проекции, расходите се реализирани 95%. Владата не задоволна од реализацијата на капиталните прокети која изнесува 67% но најавува дека 2019 ќе биде подобра затоа шти сите проблеми се намдинати. Ако растот во првиот квартал изнесува 4%, тоа е знак дека 2019 ќе биде добра еконоска гопдијна, најави Заев.