Тевдовски: Со Буџетот за 2019 ја подобруваме состојбата во здравството, платите растат
Повисоки плати за лекарите специјалисти за 10 отсто од јануари 2019 година и за дополнителни пет проценти почнувајќи со исплатата на септемвриската плата во 2019 година. Во септември 2019 година ќе бидат покачени платите и за сите здравствени работници за пет отсто. Ова е предвидено во Предлог буџетот за 2019 година, кој е на комисиска расправа во Собранието на РМ.
-Имаме реален проблем во здравството со одлив на кадри. За таа цел и годинава и следната година предвидовме зголемување на платите на здравствените работници, со дополнително зголемување од 10 отсто за специјалистите. Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни. За таа цел, од септември ги зголемуваме платите и во образованието и детската грижа. Растот на платите во јавниот сектор, воведувањето на повисоко ниво на минимална плата, како и владините мерки за поддршка на раст на платите, ја придвижи спиралата на плати и во приватниот сектор, рече Тевдовски.
Министерот на комисиската расправа рече дека растот на нето платите е зголемен за пет проценти, што е најголем раст години наназад
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња