Бизнис
3. November 2017 - 12:00

Тевдовски: Се укинува Советот за јавни набавки

Владата ќе го укине Советот за јавни набавки преку предлог по скратена постапка. Се очекува Советот да престане да функционира од декември годинава.

Ова е една од реформите во системот за јавни набавки што ги најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на дебатата „Реформа во системот за јавни набавки“.

Во рамки на реформите е предвидено и носење нов закон за јавни набавки до октомври следната година.

Укинувањето, како што беше посочено, е од причина што со неговото воспоставување јавните набавки станале покомплицирани и дека се одвивале во подолг рок. Поддршка за реформите беа изразени од ЕУ и од невладиниот сектор.