Бизнис
2. November 2017 - 11:00

Тевдовски: Прогресивното оданочување ќе почне од јануари 2019 година

Прогресивното оданочување ќе почне од јануари 2019 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека и сега да се подготват законите ќе нема време целата реформа да почне да се имплементира од јануари 2018 година.

- Прогресивниот данок да не го воведеме на сила. Нашата намера е да почнеме од јануари 2019 година и постапката да биде целосно отворена. Се планира сите законски решенија за воведување на прогресивниот данок да бидат готови до средина на наредната година, рече Тевдовски.