-->
-->
Тевдовски поддржува решение пензонерите да не одат за регистрација во УЈП
-->
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека поддржува наоѓање решение со кое ќе се овозможи пензионерите без дополнителни приходи да немаат обврска да одат во Управата за јавни приходи со новиот проект за регистрирање на приходите.
- За да излеземе во пресрет на граѓаните УЈП работи на решение да им се олесни на пензионерите кои немаат дополнителни приходи надвор од пензиите за практично дури и да немаат потреба да одат во УЈП. Тоа, пред се, е работа на УЈП, но јас лично поддржувам такво решение и сметам дека УЈП во моментот работи на разгледување на решение да им се олесни на пензионерите. Мислам дека УЈП ќе може да најде нешто со што би им се излегло во пресрет на пензионерите, рече Тевдовски.
Тој посочи дека проектот што го спроведува УЈП, е почнат од претходната влада, поддржан е со пари од ЕУ, а идејата е да се подобрат услугите на Управата кон граѓаните. Треба да се овозможи наместо граѓаните како години наназад сами да пополнуваат пријава, за нив тоа да го направи даночната управа и потоа да им биде само покажана дали ја одбруваат или не, рече Тевдовски, по потпишувањето на Договорот за заем од ЕБОР за модернизација на патот Крива Паланка - Деве Баир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари