Бизнис
12. April 2019 - 16:25

Тевдовски очекува 420 милиони евра од Светска банка за подобрување на инфраструктурата

Забрзува растот на економијата. Министерот Тевдовски вели дека негативната состојба која ја затекнале е надмината. Крајот на минатата година покажал дека економијата ќе расте. Ваквите бројки ги презентирал и во Вашинготн, за време на пролетните средби на ММФ и Светска банка.

Тевдовски очекува дека наскоро Светска банка ќе одобри 420 милиони евра за подобрување на инфраструктурата во земјава. Експерите велат дека токму тоа фали – инветсиции кои ќе ја раздвижат економијата и ќе го зголемат растот. Сегашните бројки, за нив не влеваат оптимизам дека прогнозите за раст од 5% најавуван за нарендиот период можат да   се остварат.

Во редовниот извештај на ММФ кој се објавува во престер на пролетните средби во Вашингтон, фондот ја намали прогнозата за макеоднскиот раст на 3% со тенденција да стигне до 3,5% дури за четири години. Намалувањето се должи на надолната корекција за глобалниот раст заради се поголемите ризици. Трговските спорови, брегзит, слабеењето на германскиот индустриски сектор се дел од причините што проекцијата за економскиот раст на ЕУ е најниска во последните 6 години.