Тевдовски: Не се работи на ребаланс на Буџетот, реализацијата на приходите одлична
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека во моментов не се работи на ребаланс на Буџетот зашто реализацијата на приходите е одлична и тие се собираат согласно проектираното.
Сепак, како што нагласи, одговорајќи на новинарско прашање, се прават анализи за тоа што треба да се стори во наредниот период.
- Апсолутно немаме проблем со приходната страна. Буџетот ги собира приходите како што сме ги проектирале, што е одлично. Можеме во целост да ги реализираме буџетските обврски, потенцира Тевдовски по потпишувањето на Договорот меѓу Охридска банка и ЕБРД за нова кредитна линија за малите и средни претпријатија.
Министерот рече дека како никогаш порано, јавноста може секој месец да го гледа остварувањето на Буџетот, и на приходната и на расходната страна.
- Сите економски параметри се позитивни, извозот е одличен и странските инвестиции во првиот квартал исто така. Единствено имаме проблем со реализацијата на капиталните инвестиции, главно во нискоградбата што е веќе познато. Првиот податок од Статистика за вториот квартал годинава покажува дека градежништвото во април има сериозен раст, истакна министерот.
Во врска со инвестициите на домашните компании, Тевдовски посочи дека токму кредитната линија потпишана денеска е сериозна алатка и поддршка во овој правец.
– Со нормализација на финансиската состојба, здравите фискални политики што ги водиме и позитивните движења на економијата, инвеститорите ќе влегуваат во инвестиции, во отворање работни места и ќе ја движат економијата напред, подвлече министерот Тевдовски.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024