Бизнис
11. February 2019 - 10:00

Тевдовски на конференцијата „Оданочување, праведност и економски развој“ организирана од ФЕС во Eреван

Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на конференција на тема „Оданочување, праведност и економски развој“ организирана од германската фондација „Фридрих Еберт Штифунг“, во Ереван, Ерменија.

Министерот Тевдовски, како што соопшти Министерството за финансии, ќе ги презентира македонските искуства во областа на даночната политика. Тој, исто така ќе учествува и на министерскиот панел, на кој ќе се дискутира за можностите за подобрување на даночниот систем на Ерменија. Тевдовски е дел од конференцијата поради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.

Министерот во текот на посетата ќе се сретне со вицепремиерот Мер Григорјан.