Македонија
7. December 2018 - 8:34

Тевдовски и Жбогар во посета на реновираното училиште во село Черкези

Министерот за финансии Драган Тевдовски, евроамбасадорот Самуел Жбогар, директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели и градоначалникот на Куманово Максим Димитривески, ќе го посетат ООУ „Јероним Де Рада” село Черкези, општина Куманово.

Училиштето е реновирано со грант-средства од ИПА преку Проектот за подобрување на општински услуги, кое го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и Европската унија.