Тевдовски: Буџетскиот дефицит за 2018 година ќе биде под 2,9 отсто од БДП
Владата планира да го намали буџетскиот дефицит за 2018 година под 2,9 отсто од БДП, колку што изнесува оваа година и една од опциите е да издаде меѓународна обврзница на глобалниот пазар, вели министерот за финасии Драган Тевдовски во интервју за Блумберг.
- Одлучни сме дефицитот следната година да биде незначително помал од оваа година, во согласност со нашата намера за постепена фискална консолидација. Што се однесува до 2018 година, издавање меѓународна обврзница е исто така опција, имајќи ги предвид поволните услови на меѓународниот пазар, посочува Тевдовски во интервјуто што го пренесе МИА..
Владата, нагласува, планира да ја промени својата политика кон спроведување поголема социјална правда и ќе го замени постојниот рамен данок од 10 отсто за персонален данок на доход и данок на доход на претпријатија со прогресивна стапка.
Тој за Блумберг оценува дека стапката на инфлација следната година ќе биде 1,7 проценти, со што ќе се зголеми од еден отсто колку што е проектирано за 2017 година.
Во Министерството за финасии веќе се подготвува Буџетот за наредната година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација