Бизнис
6. јуни 2019 - 16:18

Тевдовски: Буџетот е во одлична кондиција

Приходите се соглансо планираното. Наплатата оди одлично, вели министерот Тведовски. Ребаланс се прави секогаш кога има потреба од тоа, состојбата се следи и кога ќе има одлука за ребаланс јавноста ќе знае.

Според него, засега буџетот има пари да се рализираат сите проекти кои се прокетирани со него. А реализацијата до април не стигна ни до 10% од планираното. Кое министертсвто затаи и не ги реализира планираните проекти,за сега одговор нема.

Министрот за транспорт тврди дека неговиот ресор само за гасификација за 4 месеци потрошил колку за цела 2018 година. Состојбите во железницата влеваат оптимизам дека реализацијата ќе биде многу подобра.

И Министерот за финансии е задоволен од вкупните бројки за капитални расходи во буџетот.

Во буџетот за 2019 планирани се 420 милиони евра за капитални проекти. Заклучно со април реализирани се 9,83% од парите или вкупно 41.8 милиони евра. Ваквите бројки и добрата наплата на приходите, според изјава на премиерот од неодмана, се индикатор дека кон средината на годината треба да има ребаланс на буџетот.