Македонија
1. July 2019 - 9:20

Тетовските пожарникари со апел да не се пали оган на отворен простор и во шума

 Запален e смет на тетовско Кале, жителите на Тетово од населбите кои гравитираат кон ридот Балтете во предвечерните часови вчера се соочија со непријатна миризба од запален смет на патот што води кон тврдината Кале.

Од тетовската против пожарна единица велат дека немале повик за интервенција, но апелираат до граѓаните да не палат оган во овој период поради опасноста од големи пожари пред на отворен простор како и шумските предели.

– Вообичаено во текот на летото се соочуваме со пожари поради палење на стрништа и смет по нивите и шумските имоти. Поради тоа неопходна е максимална внимателност и одговорно однесување на секој земојделец, но и на оние кои одат на излети. Секој запален оган кој потоа нема да биде изгаснат брзо може да пламне и да се прошири поради високите температури. Со тоа можат да предизвикаат материјални штети како и смртни последици по луѓето, изјави командирот на тетовската пожарна Ука Алити.

Од тетовска пожарна исто така апелираат граѓаните да не фрлаат запаливи материи и во контејнерите, затоа што од топлото време исто така може да се предизвикаат пожари.

За утрвдена одговорност во палење оган и предизвикување пожар постојат високи законски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици, потсетуваат од тетовската пожарна.