Тетовската професорка Рабије Мурати дел од листа на 100 највлијателни жени во светот
Универзитетската професорка од Тетово, Рабије Мурати е избрана меѓу 100 жени со најголемо влијание во светот од страна на АЛЛ (АLL Ladies League) – мултинационално движење на Глобалното сестринство.
Таа е дел од групата наречена Г100 каде се именувани жени лидерки во различни сектори. На листата се и повеќе жени од Македонија, а професорката Рабије Мурати е вклучена поради нејзините достигнувањата во сферата на науката. Таа е доктор на педагошки науки, долгодишен редовен професор на Универзитетот во Тетово и продекан на Педагошкиот факултет.
– Идејата на ова меѓународно движење е како да се зајакнат жените на глобално ниво и се залагаме за еднакви права и можности на жените и мажите. Во оваа група членуваат жени кои се докажани во својата струка, во општеството, на научно ниво итн. Сакаме да ги поттикнеме жените да дојдат до израз и да дадат придонес во насока тоа што повеќе да се цени и вреднува жената. Ги охрабруваме сите жени да направат напор, секоја во својата бранша да создадат што поголеми капацитети. Г100 е еминентна група на 100 жени лидери и посилни во свет со визија за да влијаат во иднина, изјави проф. д-р Рабије Мурати.
Проф. д-р Мурати е претседателка на регионалното седиште на АЛЛ за Полошкиот регион во секторот за комуникации и застапување.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто