Македонија
20. November 2018 - 10:54

Тетово: Излетал од патот и удрил во дрво, починал на лице место

Синоќа околу 23 часот, на регионалниот пат Тетово – село Радиовце, Н.И. (52) од село Милетино, управувајки патничко возило „Хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво.

Од здобиените повреди Н.И. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местотo извршил Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.