Фудбал
20. May 2018 - 18:39

Тетово гори, Шкендија ја прослави шампионската титула

Фудбалерите на Шкендија попладнево во последното прволигашко коло славеа убедливо со 4-0 против Пелистер кој е нов второлигаш.
Средбата мина во знакот на втората шампионска титула на тетовчани која се славеше во текот на целиот натпревар со бројни пиротехнички средства а продолжи и по натпреварот кога им беше врачен големиот пехар на ФФМ.