Македонија
22. October 2018 - 11:01

Тетовка тешко повредена на автопатот Тетово - Скопје, изгубила контрола над возилото и се превртела

Вчера во 08,40 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје на излез од Тетово патничко моторно возило “Хундаи“ со тетовски регистерски таблици управувано од Т.Н.(39) од Тетово удрило во метална ограда, па во бетонски ѕид од канал за наводнување и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница-Тетово а потоа во болницата “Аџибадем Систина“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР- Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.