Македонија
12. August 2018 - 11:48

Тетовец во животна опасност, со автомобил удрил во бетонски ѕид

Вчера во 07.00 часот во с.Долно Палчиште, тетовско, И.К. (54) од с.Долно Палчиште, управувајќи патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид.

Од ударот И.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово, од каде како итен случај во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде бил задржан на лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово.