Македонија
4. November 2016 - 12:42

Тетовец со „ауди“ прегази пешак

Ноќеска во 00.05 часот во Тетово на бул. „Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б. А. (31) од Тетово, удрил во пешакот З.М. (52) од Тетово.
 
Пешакот бил пренесен во Медицински центар Тетово, каде му била констатирана тешка телесна повреда и бил пренесен во Ургентен центар Скопје.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.