-->
-->
Тетовец лишен од слобода поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги
-->
Вчеравечер околу 21.40 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово од слобода го лишиле Е.Б.(58) од Тетово поради ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија а во врска со настанот од 15.01.2019 година околу 23.00 часот кога на улица „Александар Илиќ“ во Дебар, при контрола на патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(45) од Тетово, полициски службеници пронајдоа две торби со 20 килограми марихуана.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и потоа спроведен до Основно Јавно Обвинителсво-Скопје, Оддел за организиран криминал, за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски
-
Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник
-
На Шар Планина спасен чешки повреден планинар