Македонија
3. November 2018 - 10:32

Тетовец ја тепал сопругата, еве што пронајде полицијата при претрес на нивниот дом

Вчера во 18.20 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на М.О.(32) од Тетово, а во врска со пријава од неговата сопруга за нанесена телесна повреда.

Пред почеток на претресот, неговиот татко З.О. предал пиштол, една празна рамка, дозвола за поседување и носење на оружје на име Џ.О. и еден сигнален пиштол со празна рамка калибар 9мм.

Тие биле одземени со потврда за привремено одземени предмети.