Македонија
1. March 2018 - 12:00

Тетовец ја претепал сопругата пред малолетното дете поради изгубена запалка

Дваесет и деветгодишната тетовка И.А. вчера пријавила семејно насилство од нејзиниот сопруг С.А.( 29 ), исто така, од Тетово.

-Претходниот ден околу 20 часот, по кусата вербална расправија околу изгубена запалка на С.А., тој физички ја нападнал, повеќе пати удирајќи ја пред нивното малолетно дете со тупаници и клоци по главата и телото, а во еден момент ја влечел и за коса, нанесувајќи и видливи повреди. Според кажувањето на И.А, психичко и физичко малтретирање од сопругот неколку пати и се случувало и порано, но не го пријавувала, информираат од СВР Тетово.

Тетовецот С.А, набрзо лишен е од слобода, задржан е во Полициската станица Тетово, разговарано е со него и неколку часа подоцна е пуштен.

По целосното расветлување на сите поединости ќе следува соодветен поднесок.