Македонија
15. August 2018 - 14:32

Тетовец ја претепал сопругата и нејзиниот татко

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А. (46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела: „телесна повреда“ при семејно насилство, „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство и „тешка телесна повреда“.

На 20. јуни годинава во семејниот дом во Тетово, по претходна вербална расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга З.Р. (32), нанесувајќи и телесни повреди, како и нејзиниот татко на кого му нанел тешки телесни повреди.