Македонија
25. July 2021 - 17:09

Тетовец илегално продавал интернет и тв-програми - за услугата наплаќал 70 до 100 евра годишно

Б.А. (37) од Тетово денеска е лишен од слобода откако кај него, при полициски претрес, е пронајдена техничка опрема со која тој нелегално продавал интернет и тв-програми.

Претресот, со судска наредба, е извршен претпладнево, меѓу 10:00 и 12:30 часот во домот и помошните простории на Б.А.. Пронајдени се три лаптоп-компјутери, еден мобилен телефон и три полначи за компјутерите, кои се фотодокументирани и подигнати за вештачење.

Клинети на Б.А. биле стотина корисници на кои за услугата им наплаќал 70 до 100 евра годишно.

Б.А. е задржан во Полициската станица Тетово. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за сторено кривично дело „повреда на авторски и сродни права”.