Тетовец го истепал татко му
Тетовската полиција вчера лишила од слобода 51-годишен жител на градот кој го истепал својот татко. Причина биле нарушените семејни односи, а физичкиот напад се случил вчера, во 21 часот во заедничкиот дом.
-Вчеравечер во 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Н.Б., кој околу 21 часот во заедничката куќа во Тетово физички го нападнал неговиот 70-годишен татко, а поради нивни нарушени семејни односи.Тој е задржан во Полициската станица Тетово, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 130 став 2 од Кривичниот законик-телесна повреда при вршење семејно насилство.
Ново на Сител
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика