Македонија
20. November 2019 - 16:21

Тетовчанка пријавена во полиција за дрско однесување

Полицајци лишиле од слобода жена на 47 години откако била пријавена од вработените во Центарот за социјални работи во Тетово за дрско однесување. Таа, според пријавата, упатувала закани и оштетила дел од инвентарот.

- На 19.11.2019, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода М.Ш.(47) од Тетово поради тоа што во 10.25 часот во канцеларија во Центарот за социјални работи – Тетово се однесувала агресивно, упатувала закани кон вработената и директорот, и оштетила дел од инвентарот. Таа била приведена во полициска станица Тетово, инфомираат од СВР Тетово.

Според полицијата, по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.