Бизнис
22. October 2015 - 12:45

Тетовчани заинтересирани за „Купи куќа, купи стан“

Можностите што се нудат преку проектот „Купи куќа, купи стан“ за решавање на станбеното прашање синоќа беа презентирани пред граѓаните на Тетово.

На тетовчани, кои изразија интерес за проектот, им беше објаснето од страна на претставник од Министерството за финансии за субвенциите што можат да ги добијат за станбен кредит, кој може да аплицира и каква е постапката.

 

На презентацијата учествуваа и градежни компании со локална понуда на станови и банките кои се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“.

Караванот „Купи куќа, купи стан“ имаше за цел да го приближи проектот до сите граѓани кои имаат потреба од него. Освен во Тетово, досега презентации се одржани во Охрид, Куманово, Прилеп, Битола, Велес, Гевгелија, Штип и Свети Николе.

Покрај караванот, од 29 октомври до 1 ноември во Скопје ќе се одржи и саем „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол. Градежните компании кои ќе учествуваат за време на саемот ќе понудат специјални попусти на станбениот квадрат.