Македонија
31. October 2015 - 12:50

Тетовчанец вчера направил хаос

Во Тетово на улицата „Цветан Димов“ во населбата Горна Чаршија, вчера претпладне, околу 10 часот и 20 минути, полициски службеник при вршење служба бил физички нападнат од  Ј.А. (37) кој бил со возило по што го напуштил местото на настанот.

Осомничениот е пронајден, приведен и со него е извршен разговор во полицијата. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.